Денес точно во 23:26 часот следува неверојатно случување! Полната месечина во Ракот го менува животот на 4 знаци
Полна месечина во Рак (24-ти степен) нè очекува вечерва во 23 часот и 26 минути и носи емотивна кулминација. Полната Месечина во Ракот, астролозите ја нарекуваат и „волчја“, и ќе има ефект врз сите знаци, но најголемо влијание ќе има на Раковите, Вагите, Овените и Јарците.
Секоја полна месечина е поттик за крајот на еден животен циклус, а тоа ќе го почувствуваме во интервалот од следните две недели. Бидејќи се случува во Рак, јасно е дека Месечината ќе ги преземе карактеристиките на овој знак кој е емотивен и променлив, па луѓето ќе бидат посклони кон донесување одлуки во афект.
Полната Месечина во Рак ќе направи предизвикувачки астролошки аспект со ретроградниот Марс кој е веќе во овој знак, па луѓето емотивно ќе реагираат на се што им се случува.
Емоционален набој
Полната месечина во Ракот има силен емоционален набој, бидејќи Ракот е поврзан со домот, семејството и чувствата. Овој астролошки период ја нагласува потребата од сигурност и емоционална поддршка.
За време на полната месечина во Рак, луѓето може да почувствуваат зголемена интуиција, носталгија и потреба да се поврзат со саканите или да се повлечат во нивниот внатрешен свет.
Ранливост
Ова е време кога чувствата излегуваат на површина, а фокусот често е на решавање на прашања поврзани со семејните односи, домот и личната безбедност. Многумина ќе почувствуваат потреба да размислуваат за својата емоционална состојба, но и за тоа како подобро да се грижат за себе и за другите.
Полната месечина во Рак може да донесе и чувство на ранливост, па затоа е важно да ја искористите оваа енергија за лекување и изразување на емоциите на позитивен начин.
Денес точно во 23:26 часот следува неверојатно случување! Полната месечина во Ракот го менува животот на 4 знаци