Денеска е посебен ден за Гоца Тржан и Раша: Двојката сподели прекрасна вест

Гоца и Раша се пример дека љубовта не познава граници

Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот емотивен партнер Раша Новаковиќ денеска ја слават седмата годишнина од бракот.

Иако меѓу нив има голема генерациска разлика, дури 14 години, Гоца и Раша се пример дека љубовта не познава граници, а нивната трае 11 години.

Гоца преку својот Инстаграм профил му ја честиташе годишнината од бракот на својот сопруг и му се заблагодари за сите моменти кои ги поминале заедно.

- Мој сакан сопругу, среќна седма годишнина. Од срце ти честитам што ме трпиш сите овие години (вкупно 11). Те сакам – порача Гоца преку социјалните мрежи, а Раша набрзо ја сподели истата објава на својот Инстаграм профил.

извор: telegraf.rs