Денеска тајно се мажи Бритни Спирс: На свадба не ги поканила ниту родителите, ниту сестрата
Бритни Спирс денеска тајно се мажи за Сем Асгари, пишува TMZ.
Пејачката и манекенот ќе се венчаат на интимна церемонија, опкружени само со најблиските луѓе. Ќе има 100 гости - пишуваат Американците и додаваат дека меѓу нив нема да има ниту родители, ниту сестрата на Бритни Спирс, но ќе присуствува нејзиниот брат Брајан.
Се шпекулира дека венчаницата на пејачката ја дизајнирала Донатела Версаче. Инаку, Сем и Бритни се во врска од 2016 година, а тој ја побара за сопруга во септември минатата година.
За Бритни ова ќе и биде трет брак, претходно беше во брак со Џејсон Александар и Кевин Федерлајн.
Парот, исто така, на почетокот на оваа година објави дека го изгубија бебето кое го очекуваа поради спонтан абортус.
Го изгуби бебето во рана бременост: Бритни Спирс и вереникот скршени од болка
извор:index.hr