Денеска во Скопје 47 новозаболени со Ковид-19: Комисијата за заразни болести револтирана

Од Комисијата за заразни болести за Фактор потврдуваат дека само во Скопје денеска има 47 ново заразени со коронавирусот. Најголемиот број, како што велат се од Чаир. Потоа следуваат Штип и Тетово, па вкупниот број на новозаразени надминува 70.

Велат дека Комисијата денеска ќе заседава цел ден и не криејки го револтот информираат дека ќе носат нови препораки кои ќе бидат ригорозни. 

- Граѓанската непослушност носи вакви загрижувачки резултати. Ние мора брзо да делуваме за да го спречиме сето ова. Препораките на епидемиолозите ќе одат во драстични насоки. Ќе предложиме карантински мерки повторно, како и затворање на конфекциските фабрики во Штип, вели изворот од Комисијата за заразни болести за Фактор.