Детенце ја следело мајка му до тоалет: Додека таа да сфати што се случува детето се онесвестило

Десетмесечно бебе од Шкотска беше во болница, во сериозна состојба.

Малиот Пирс, љубопитен како и секое мало дете, ја следел својата мајка до тоалет кога таа отишла да ја вклучи машината за алишта.

Додека ги ставала алиштата во машината, малиот Пирс зел една од течните капсули за перење во рацете, ја гризнал и голтнал неколку голтки.

После неколку моменти, детето почанло да повраќа и паднало на подот, додека вознемирената мајка го повикувала сопругот од другата просторија.

Тие веднаш го однеле Пирс во болница во несвесна состојба, а поради отровот што му е во стомакот, сите негови органи се загрозени.

Покрај Пирс било целото семејство, мајката и таткото, и уште четирите деца и сите тие со голем страв гледале во екранот, што покажува каква е неговата состојба.

Мајката Мелиса (27) не може да си прости себеси што не била свесна за можноста момчето да ја следи и да земе нешто без таа да го види тоа.

Лекарите постојано ја уверувале во проценките дека Пирс ќе го надмине ова и ќе живее. Тој е силен, но јас нема да си простам за овој момент до крајот на животот - рече видно очајна мајка за DailyRecord.

Таа сега по несреќата апелира до родителите да внимаваат каде ги оставаат капсулите и други хемиски средства.

После 11 денови агонија, Пирс е пуштен од болница и е во добра состојба, се уште траат терапиите за целосно прочистување на Пирс.


извор:Melissa Cairney