Девојче родено со лице на старица: Приказната за Катја која ќе ве расплаче (ВИДЕО)

Поради невообичаен феномен, Екатерина Катја Њезенцева веднаш по раѓањето изгледала повозрасно. Лицето на бебето, нашарано со брчки, беше резултат на исклучително ретка болест - прогерија.

Состојбата со која е родена го разделило нејзиното семејство.Татко и си заминал, поради што имала тешко детство. Сепак, таа успеала да го оствари својот сон и покрај тешката дијагноза.

Екатерина е родена во Карачај-Черкесија, Русија. Зборувајќи за судбината на нејзината ќерка, нејзината мајка Ирина истакнала дека нејзината бременост била нормална и дека со ултразвучните прегледи не се откриени фетални аномалии. Затоа, болеста на детето била вистински шок за неа.

Во разговорите за медиумите, таа се потсетува дека кожата на детето „висела нерамномерно“ и дека изгледала збрчкано. Без да губат време, нејзините родители веднаш ја однеле на преглед кај специјалист и наскоро дознале за ужасна дијагноза - прогерија или забрзано стареење.

Експертите објасниле дека проблемот е од генетска природа и дека болеста е толку ретка што има десетина вакви случаи ширум светот. Покрај тоа, на мајката и биле соопштени мрачни предвидувања дека девојчето нема да живее долго, но за среќа, тие не се оствариле.


Тешко детство

Растењето на Катја, на самиот почеток, го означило заминувањето на нејзиниот татко, кој не можел да ја поднесе дијагнозата и го напуштил семејството. Последен пат се виделе кога Катја имала четири години.

Суровоста на нејзините врсници за неа била секојдневна рутина. Останатите деца не ја гледале како некој што може да си игра со нив, туку како „стара баба“ која ја задевале, избегнувале и одбиваале, што и ја разнишало самодовербата.

Сепак, мајката на Екатерина не губела надеж дека нејзината ќерка ќе биде убава. Таа дознала дека, иако болеста е неизлечива, можно е да се подобри изгледот на девојчето со помош на пластична хирургија. Бидејќи семејството немало пари за скапи процедури, мајката и ќерката, кога имала 10 години, започнале да се појавуваат на телевизиските канали, каде експертите ветиле дека ќе и помогнат на Екатерина, но тоа не се остварило.

Потоа, на 16-годишна возраст, Катја повторно била гостинка во популарно шоу и од домаќинот добила ветување дека најдобрите руски пластични хирурзи ќе и се посветат нејзе. Конечно, тоа се случило. Еден месец подоцна, Екатерина повторно се појавила во студиото, но „подмладена“, сепак експертите истакнале дека операцијата ќе треба да се прави секоја година, бидејќи нејзиното тело сè уште се развива.

Благодарение на жртвата на нејзината мајка, Катја прераснала во самоуверена личност, која без страв ги остварува своите соништа.


Извор: yumama /Foto: Printscreen / YouTube 


Moже да ве интересира:

Кога почнаа коските да ми пукаат од гушкање барав да ми донираат лек: И покрај ретката болест Весна Алексовска се охрабри да основа семејство