Девојките ѝ завидуваа, момчињата по неа губеа глава: Главната заводничка од Беверли Хилс по три пропаднати бракови изгледа вака (ФОТО)

Џени Гарт ја глумеше згодната русокоса Кели Тејлор во култната серија „Беверли Хилс 90210“ во која сите беа вљубени, а еве каде е таа денес.

Серијата „Беверли Хилс, 90210“ е култна тинејџерска серија која со голем успех се прикажуваше во 90-тите години на минатиот век.

Џени Гарт ја глумеше фаталната Кели во популарната серија. Таа брзо стана пример за многу тинејџерки ширум светот. По серијата, таа доби улоги во помалку познати проекти.

Џени во серијата ја глумеше фаталната русокоса Кели Тејлор во која речиси сите беа вљубени. Таа ги скрши срцата на главните машки ликови Брендон и Дилан. Првиот во серијата го глумеше братот близнак, а вториот момчето на нејзината најдобра пријателка Бренда, која ја играше Шенон Доерти.

View this post on Instagram

A post shared by Jennie (@jenniegarth)



Таа неодамна наполни 50 години. Се мажеше три пати и има три ќерки.

Првиот сопруг на Џена беше музичарот Даниел Б. Кларк. Тие се венчаа во 1994 година и се разведоа две години подоцна. Таа го запознала својот втор сопруг, актерот Питер Фачинели, во 1995 година. Двојката се венча на 20 јануари 2001 година и имаат три ќерки. Фачинели поднесе барање за развод во март 2012 година, а во април 2013 година бракот заврши.

View this post on Instagram

A post shared by Jennie (@jenniegarth)



Таа почна да се забавува со актерот Дејвид Абрамс Гарт есента 2014 година, а се венчаа во јули 2015 година. Три години подоцна, парот поднел барање за развод, но во 2019 година се помириле и ги повлекле документите за развод по 10 месеци разделба. Актерката потоа откри како разделбата им го спасила бракот бидејќи виделе колку не можат еден без друг.

View this post on Instagram

A post shared by Jennie (@jenniegarth)



Фаталната Кели некое време ги криела и здравствените проблеми поради кои се здебелила неколку килограми. Имено, актерката боледува од остеоартритис. Остеоартритисот, понекогаш наречен дегенеративен артритис, е дегенеративно заболување на зглобовите што се карактеризира со уништување на зглобната 'рскавица. Во 2012 година, актерката исто така призна дека се бори со анксиозноста.