Ди Каприо се здебелил во каранин, ама телото на неговата девојка изгледа фатално

Оскаровецот Леонардо Ди Каприо (45) и американската актерка Камила Морон (23) беа фотографирани заедно на плажа во Малибу, а во таа прилика тие покажаа како изгледаат нивните тела по неколкумесечна изолација за време на пандемијата „Ковид-19“.

Лео беше фотографиран како ужива во прекрасен сончев ден на плажа, а во таа прилика тој покажа и поголем стомак, кој го „фати“ во карантин, додека Камила во црно минијатурно бикини ги истакна нејзините бујни гради и рамен стомак. Беше студено за неа да влезе во вода, па успеа само два пати да се олади, а сите имаа можност да го видат нејзиното затегнат тело.

45-годишната ѕвезда на „Титаник“ и 22-годишната актерка се заедно уште од 2017 година, но тие за прв пат беа видени во јавноста на годинашните Оскари.


Камила неодамна зборуваше во интервју за возрасната разлика во нивната врска:

- Постојат многу врски во Холивуд и во историјата на светот, во кои има големи разлики во возраста помеѓу луѓето кои се заедно - започна таа.

„Мислам дека сите треба да се забавуваат со кого сакаат“, додаде.

Да потсетиме, Ди Каприо во минатото беше во врска со многу модели, вклучувајќи ги и ангелите на Викторија Сикрет Жизел Бундчен, Бар Рафаели, Нина Агал и многу други.