Диетата на Анџелина Џоли за која сите зборуваат

Фановите веќе подолго време се загрижени за изгледот на Анџелина Џоли. Холивудската актерка висока 170 сантиметри минатата година падна на критични 40 килограми, а магазинот „Мери Клер“ објави цела статија за нејзиниот режим на исхрана со кој наводно ослабела повеќе од 15 килограми.

Диетата се темели на шака јаткасти плодови и семки. Како што пишува магазинот, Џоли и самата во една прилика изјави дека комбинацијата од киноа, просо, чија семки и хељда ѝ помага во одржувањето на линијата и на здравјето воопшто.

- Некогаш го прескокнувам ручекот и знам да изедам само шака бадеми или гумени бонбони. За вечера најчесто одбирам парче месо и чаша црно вино - призна Анџелина во една прилика.