Дијабетес и исхрана: Како да се победи искушението на богатите празнични трпези?

Во пресрет на последниот месец во годината кој изобилува со празници, со причини за домашни веселби, куќни слави, собирања на пријатели и семејството, честопати е големо искушението за лицата со дијабетес да успеат да одолеат на богатата трпеза која задолжително и традиционално е присутна во сите пригоди. Експертите за исхрана се согласни дека за време на новогодишните и божикните празници вообичаено е да се „згреши“ со некој залак плус, но едногласно советуваат тоа биде во многу мали количини, односно „мали грешки“.

За нутриционист Соња Пановска, М-р по јавно здравје, клучот лежи во доброто планирање и распоредување на оброците. Возможна е малку поголема флексибилност за време на празничните денови, но сепак истата да нема поголем ефект врз целокупното управување со дијабетесот. „Лицата со дијабетес потребно е да ги умаат на ум и да се придржуваат до неколку важни совети поврзани со нивната исхрана за време на престојните празници. Секогаш да имаат ткн. план за тоа што и колку ќе конзумираат од храната која им се нуди, на начин што ќе внимаваат на количината која ќе ја внесат. За лицата со дијабетес на инсулин потребно  е да се придржуваат редовно на препорачаната терапија, да не се прескокнува дозата за инсулин  и да внимаваат на количината на јаглени хидрати кои  ќе ја внесат.Секако да бидат вклучени домашните сарми, руски салати, домашни кифлички , но правилно со броење на лебни единици. Со консумирање алкохол , дозволено е една алкохолна единица со оброк  а после два часа  да се внесе масен оброк . Никако да не прескокнуваат оброци, туку тие да се редовни, и зеленчукот при секој оброк нека биде задолжителен.

Истото се однесува и за лицата со тип 2 на диајабетес. Што се однесува до слатките, дозволете си ги, но во мали количини. Во однос на дозирањето на инсулинските единици, секогаш консултирајте го вашиот доктор дијабетолог .За секоја дополнителна информација јавете се на Клиника за ендокринологија , стручните едукатори за исхрана ќе ве советуваат и направат индивидуален план за исхрана и водич за време на престојните празници.  Самото јадење нека Ви биде во духот на празниците – полека, по малку, и во опуштена атмосфера, без прејадуување“ – додава М-р Пановска.   

Совети за празничните јадења кои се подготвуваат во секој дом

Нашата традиционална „софра“ за празниците вклучува неколку јадења кои секогаш се подготвуваат за слава, именден, за Нова Година или Божик, и тешко е да се замисли дека истите би поминале без руска и кифлички, или сарма и печено месо, меѓу другото. За лицата со дијабетес овие јадења можат да бидат дозволени во разумни количини, доколку нивната подготовка се адаптира и приближи до исхраната која се препорачува за лицата со дијабетес. На пр, 2/3 од потребната количина на мајонез во руската салата нека се замени со кисела павлака, а мајонез нека биде само 1/3; сармата нека биде подготвена со  мрсно месо, но со мала количина на ориз, а печеното месо секогаш да е подготвено на квалитетно масло во помали количини, при што вишокот отстранувајте го и подлевајте го со вода за време на печењето. Идеалниот десерт за лица со дијабетес е подготвен од житарици со бадеми, лешници , ореви , кокос и свежо овошје како јаболки или тикви и од засладувачи стевиа наместо шеќер.  

„Конзумирајте многу вода. Хидратација е важна за лицата со дијабетес бидејќи тоа е еден од најлесните и наједноставни начини да се намали зголеменото ниво на шеќер во крвта. Што се однесува до останатите течности кои се конзумираат за време на празниците, чашката алкохол заменете ја со чаша бело вино или шампањ. А љубителите на вината можат да ги разблажат со обична или минерална вода и да пијат шприцер . Секако, конзумирајте во контролирани количини. И на крајот би подвлекла дека физичката активност не смее да се занемари, дури можеби и да се интензивира имајќи предвид дека можеби малку ќе се надминат границите на дозволеното за време на празниците. Задолжително останете активни. “ – додава нутриционист Соња Пановска.

Диабил – природен регулатор на шеќер во крвта

Важно е да се напомене и дека во ова време на празници кои престојат, мерењето на гликемијата треба да е редовно и зачестено со цел да се има целосен увид и контрола на вредностите на шеќер во крвта во овие денови кога лицата со дијабетес ќе си дозволат по некој залак плус. Но, по завршувањето на празниците, потребно е да се воспостави повторна дисциплина во исхраната и менаџирањето на дијабетесот.

Природен регулатор на шеќер во крвта е природниот додаток на исхраната ДИАБИЛ, кој придонесува за одржување на нормална концентрација на глукозата во крвта и за нормален метаболизам на макронутриентите. Составен од хром пиколинат и екстракт од горчлива диња – и обете состојки активно влијаат на толеранцијата на гликозата и/или метаболизмот на мастите во организмот, ДИАБИЛ-от како природен додаток на исхраната дава особено добри резултати и кај лица кои имаат преддијабетес и помага да се спречи или одложи појавата на дијабетес тип 2.    


*пр објава