Диктираат како се облекуваме: Петте модни куќи водени од жени

Добивај вести на Viber

Брендовите во наследство како Живанши, Шанел, Прада и Диор, се водени од жени. Новодојденците како Фенти, Боде, Симон Роча, Стела Мекартни и Кушни, исто така, ги водат жени. Всушност во 2018 година, Њујорк Тајмс објави дека 85% од дипломирани дизајнери се жени.

Едни од најпочитуваните во овој бизнис исто така се жени, меѓу кои Елизабет фон дер Голтц во Нет-А-Портер, Лиза Аикен во Мода Операнди, Брижит Чартранд во ССЕНСЕ и Оливија Ким во Нордстром.

Ние, сме исто така во мнозинство, но од другата страна на модата: страната на потрошувачите, а според светски извешти, жените трошат три пати повеќе пари од мажите, на облека.

Еве кои се петте модни куќи кои ни диктираат што следно ќе носиме, а се водени од жени: 

Ријана, 32 години, пејачка, дизајнер и основач на Фенти

Savage x Fenty - секси, достапна и инклузивна линија на долна облека беше лансирана во чест на милиони жени низ целиот свет кои, како и нејзе, имаале потешкотии за да најдат долна облека што одговара на нивната боја на кожа и големина на конфекциски број. Се шпекулира и дека ќе има соработка со Victoria's Secret.

Симоне Роча, 33 години, ирски меѓународен моден дизајнер, креативен директор и основач на Симоне Роча

Помина една декада откако Симоне Роча ја започна својата линија со готски пресврт. Роча е ќерка на славниот британски дизајнер Џон Роча.

Марија Грација Кјури, 56 години, креативен директор за женска облека, Диор

Претходно ко-креативен директор на Валентино, италијанската модна креаторка Марија Грација Кјуури го направи она што многумина мислат дека е невозможно: Таа е првата жена поставена на чело на Кристијан Диор.

Стела Мекартни 48 години, креативен директор и основач на Стела Мекартни

Таа има 32 годишно искуство, позната е по е естетски, женствен дизајн. Го дизајнираше фустанот кој Меган Маркл го носеше на приемот на Кралската свадба.

Клер Вејт Келер, 49 години, уметнички директор на Живанши

Има дизајнирано и за Келвин Клајн, Клои, Ралф Лорен, Гучи. Откако стана директор на Живанши, ја имаше привилегијата да ја дизајнира венчаницата на Меган Маркл, исто така, е нејзин советник за стил.