Димитар е најдобар во повеќе категории: Сара Мејс искрено за сопругот

Добивај вести на Viber

Пејачката и харфистка Сара Мејс, секогаш со гордост зборува за својот сопруг, водителот и ПР менаџер во „Идеа лаб“  Димитар Атансовски. Сара и Димитар се во брак две години, а нивната ќерка Илина, следниот месец ќе го прослави првиот роденден. 

„ Димитар е „најдобар“ во повеќе категории. Мојата најголема инспирација, љубов и поддршка. Способен и разбран. Умен и убав. Вљубеник во природата и животните. Интересен и забавен. Независно како и да го поминуваме времето заедно, дали е тоа прошетка со куче, планинарење, возење со мотор, патување, гледање филм или табла на тераса, многу е лесно и прекрасно кога си вљубен во оној кој најмногу те смее“, изјави Сара за Женски магазин за сопругот.

Сара и Димитар на излет со ќерката Илина и со миленикот Атос 

Нивната првата официјална средба била во емисијата „Тротоар“. Сара била гостинка, а Димитар домаќин на шоуто. Почнале да излегуваат години подоцна, за време на емитувањето на лиценцираниот ТВ проект „Танц со ѕвездите“ каде и двајцата се натпреваруваа.

„ Често се гледавме, па така почна да се развива љубов. Првиот бакнеж ни беше по завршувањето на емисијата посветена на англискиот валцер“, ни откри Сара.