Дистанца меѓу чадорите и ограничен број на капачи: Нови правила во Грција

Во Грција има нов протокол за плажите, при што ќе мора да се држи дистанца од 4 метри меѓу чадорите.

На плажите се дозволени 40 капачи на 1.000 метри квадратни. 

На сила и натаму е забраната за пуштање музика, организирани настани, употреба на баровите. 

Дозволена е употреба на еден чадор на две лежалки, со исклучок на семејство со мали деца, а растојанието меѓу лежалките треба да биде најмалку 1,5 метри.

Не се дозволени тимски спортови на плажа, односно спортови со директен контакт.

Може да се користат спакувани производи, додека на продавниците блиску до плажата, мора да имаат каса на отворено, а вработените да носат маски.

Казните за прекршување на овие мерки изнесуваат од 5 д 15 илјади евра, како и затворање на локалите од 15 до 20 дена.

Грците оваа година ќе понудат евтини пијалоци, но и други поволности за да привлечат туристи. 


Грција ќе прима гости од Македонија.

(ГАЛЕРИЈА) Топ 10 најдобри плажи во Грција