Дивата со прекрасен глас: Му беше прва девојка на Жељко Јоксимовиќ, а во моментот на најголема популарност исчезна од сцената (ФОТО)

Цеца Славковиќ беше една од најпопуларните пејачки во текот на 90-тите години и беше прва девојка на пејачот Жељко Јоксимовиќ. Во периодот на најголемата популарност, таа исчезна од сцената.

За жал, не сме го слушнале нејзиниот глас речиси повеќе од една деценија. Таа во аманет ѝ остави на публиката два албума и се повлече од сцената, а беше позната и како девојка на Жељко Јоксимовиќ.

Имено, во јавноста се шпекулираше за нејзината врска со Жељко, но тие никогаш не зборуваа во јавноста еден за друг.

Инаку, Цеца Славковиќ остана запаметена како пејачка со совршен глас, но во еден момент целосно се повлече од сцената и од јавноста.

- Ако сакате да знаете што беше последното нешто што го очекував во мојот живот, тоа е секако медиумското внимание и естрадата. Ако ме прашате дали уживав редовно да се појавувам во медиумите - не. Ако сакам да се вратам на сцената, не сакам; ќе се вратам ли еден ден - кој знае. Би рекла дека не треба да го правам тоа во овие години. Она што ми недостига се многуте прекрасни луѓе што ги запознав додека живеев како јавна личност. Ги гледам и денеска, но не пред, туку зад камера - своевремено ја објасни Цеца пред медиумите својата одлука.

Пејачката денес настапува по белградските клубови и ја изведува музиката што ја сака. Таа им пее и придружни вокали на колегите, но очигледно е дека повеќе не сака да ѝ се враќа на музиката како порано.

Една од последните песни што ги снимила е „Ден или два“. Има еден стих во песната кој вели:

- Не е до мене, не е до страв од сцената, не можам повеќе да се преправам, ти ги играш подобро и главните улоги, ти ги оставам од се' срце... - Како што пееше во песната, така беше и во нејзината кариера. Таа реши да се поклони на публиката, а микрофонот да им го остави на другите.

- Постои Светлана Славковиќ која е заљубена во џезот и соулот и која се трудеше секогаш да го вози своето, наспроти Цеца Славковиќ која постои да ги забавува присутните. Светлана сака да има контрола во се' и се придржува до уметничкиот принцип, а Цеца е таа која трча до публиката и ги гушка луѓето – се опишала Цеца Славковиќ во едно интервју.

Многумина се прашуваа што се случи со пејачката. Како што објаснила, никогаш не го сакала медиумското внимание и сфатила дека таквиот живот не е за неа.

извор:najzena