Доаѓа принова во семејството Швајнштајгер: Ана Ивановиќ е бремена (ФОТО)
Некогаш најдобрата тенисерка на светот, Ана Ивановиќ и нејзиниот славен сопруг Бастијан Швајнштајгер го чекаат своето трето дете, а радосната вест таа ја сподели на својот Инстаграм.
- Сега јас и Бастијан сме официјално побројни - напиша Ана на фотографијата со сопругот на која веќе и се гледа трудничкиот стомак.
Секако по објавата веднаш следеа многу честитки, а полот на бебето се уште не е објавен.
Славната двојка има два сина Леон и Лука, а таа неодамна во своето интервју зборуваше за нив.
- Нашите деца не знаат кои сме во однос на нашата кариера. Дури и кога луѓето нѐ запираат да се фотографираме, тоа е многу интересно, бидејќи тие воопшто не го разбираат тоа. Мислат дека се некои од нашите пријатели. Еднаш се случи Бастијан да го сопрат неколку пати, а мојот постар син ме праша „мамо, зошто се сликаат толку многу со тато“, го прашав што мисли, а тој ми одговори дека мисли дека не е убаво. Значи, не сакаме да ги оптоваруваме, сакаме тие да имаат свој начин на сфаќање. Тие двајца се тотално различни, но се и доста блиски, што е многу важно - изјави Ана Ивановиќ за телевизија Нова.
Foto: Printscreen/Twitter/Ana Ivanović