Доби менингитис на 10 месеци, ѝ ги ампутираа екстремитетите: Денес, на 6 години се движи храбро напред

Дијагностицирана со менингитис на 10 месеци, со само 10% шанса за преживување, денес малата Хармони има ампутирани екстремитети и е вистинска инспирација.

На само 6 години, Хармони-Роуз Ален докажува дека волја и верата се постојани движечки фактори за внатрешна сила.
Дијагностицирана со менингитис пред шест години, имала само 10% шанса за преживување, ѝ беа направени повеќекратни ампутации на екстремитетите, но Хармони не застанува и се движи храбро напред, покажувајќи ни дека ништо не ѝ стои на патот, а ние навиваме за оваа мила гимнастичарка.

„Хармони-Роуз имаше 10 месеци кога ги направи првите чекори, на наша радост како нејзини родители. Но, неколку дена подоцна и се слоши.

Беше пребледена, но ја заспавме најнормално, кога ја слушнавме како кашла преку мониторот за бебиња, и се бори да земе здив, се загриживме.
Ја однесовме во болница и се вративме дома подоцна истиот ден кога се чинеше дека Хармони се подобрува.
Следното утро ситуацијата стана уште полоша, усните ѝ станаа сини и стана чудна“, раскажува мајката на Хармони.

Тогаш отишле пак во болницата, лекарите рекле дека е осип, но вирусен, затоа што веќе исчезнал.
„Бевме испратени дома и ни дадоа документ да одиме директно во детскиот оддел ако на Хармони повторно ѝ се слоши. Веќе на ручек, Хармони почна да плаче. Побрзавме по трет пат назад во болница. Над нејзиниот нос сега се појавуваше осип, ширејќи се по рацете и градите.

Лекарите ни рекоа дека Хармони треба да биде префрлена во детската болница во Бристол. Тие не знаеја дали таа ќе го преживее патувањето, но мораа да ризикуваат. Не ни дозволија да влеземе во брзата помош и моравме да ја следиме Хармони до Бристол со автомобил.“

Најлошиот осип што го виделе

„Додека Хармони стигна до Бристол, нејзините нозе и рацете беа поцрнети. Консултантите од болницата рекоа дека тоа е еден од најлошите осип што го виделе и ѝ дадоа 10 проценти шанса да преживее. Но, таа се бореше.
За жал, септикемијата и ги оштети нозете и рацете, па лекарите беа принудени да ги ампутираат, заедно со врвот на носот, непосредно пред нејзиниот прв роденден.

Хармони претрпе повеќе од 10 операции откако за прв пат се разболе во септември 2014 година и се соочува со повеќе лекувања, но е на патот кон закрепнување“.

Мало чудо

„Хармони е нашето мало чудо и се бореше толку многу за да остане тука со своето семејство. Животот за Хармони ќе биде многу поинаков и целата наша заедница работи многу напорно за да ѝ го обезбеди животот за кој се бореше толку напорно.

Децата не треба да поминуваат низ она што помина малата Хармони; тие не треба да страдаат како што трпеше таа. Хармони можеби ги изгуби рацете и нозете, но сепак знае да ужива во својот живот “.

За овие шест години, Хармони-Роуз научила да држи работи со козметичка рака, но и без рака, таа прави работи и без нозе и со козметички нозе, гимнастичарка е, позитивна е и прави нешто ново секојдневно!

Сега Хармони заедно со родителите редовно води кампања за луѓето да бидат повеќе свесни за симптомите на потенцијалното смртоносно заболување. 
„Ние не сакаме никој друг да страда како што страдаше нашата Хармони“, вели мајка ѝ.

View this post on Instagram

A post shared by Hope4Harmonie-LifeAsSheMakesIt (@hope4harmonie)


Хармони може да прави многу работи сама, без ничија помош.
Браво за оваа храбро девојче.

извор и фото: instagram