Убава жена не е е недостојна да работи во образовна институција: Интервју со Маја Глигоровска
Маја Глигоровска беше една од нашите најангажирани манекенки, на модните ревии и во модните кампањи. Пред неколку години, таа сосема се повлече од овој свет и ѝ се посвети на својата вистинска професија. Маја веќе 11 години работи како одделенски наставник во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Иако вели дека за некои родители на почетокот е незамисливо што „некоја манекенка ќе им била наставничка на нивните деца“, кога ќе ја запознаат, таа има одлична соработка со нив. За себеси, Глигоровска вели дека е строг наставник и посветена мајка на Константино, кој има 14 години. Маја за Женскаи магазин зборува и за воспитувањето на синот и вели дека како самохрана мајка со овој предизвик се носи како знае и умее.
*Неодамна беше на одмор во Дубаи, како си помина, каков впечаток ти остави тамошниот народ и култура?
-Дубаи е место кое е различно од сè што сум видела до сега. Сè е луксузно, гламурозно, златно, сјајно...како да сте на друга планета. Една од моите животни желби беше да го видам Дубаи и среќна сум што ми се исполни. Интересно е што во Дубаи живеат 80 различни националности, Арапите односно како што тие ги нарекуваат - локалците процентуално ги има најмалку. Но, ако ми се укаже прилика да се преселам некаде, дефинитивно би живеела во Дубаи.
*Луѓето уште те паметат по манекенската кариера, зошто реши да се повлечеш и да се посветиш за работата како наставник?
-Генерално затоа што завршив Педагошки факултет, да бидам наставник е мој избор, децата се моја љубов, тука се пронаоѓам, се надградувам, учам јас од нив, учат тие од мене... среќна сум што имам можност да учествувам во нивниот раст и развој и пред сè образование. Модните писти секогаш ми недостигаат..кога има интересна понуда која не се коси со мојата личност и мојот повик како педагог јас со радост ја прифаќам.
*Како те доживуваат децата, каква соработка имаш со родителите со оглед на тоа што си јавна личност?
-Да бидам искрена сум слушнала коментари од типот на”наставничка ќе им била некоја манекенка”, тоа се случува пред да ме запознаат родителите на нови првачиња, но штом почнеме со работа нема предрасуди во врска со мојата предходна професија. Јас не сум само убава жена туку и посветен наставник, не дозволувам да се делат децата, ги учам дека сите се рамноправни, работам на нивната самодоверба, разговарам со родителите на што да обрнат внимание во воспитувањето дома. Во координација сме 24 часа.
*Ти си убава и негувана жена која држи до себе, си добила ли некогаш необични или можеби непријатни коментари од околината со оглед на тоа дека има средини кои наставничките ги доживуваат постереотипно?
-Мислам дека го дадов одговорот погоре. Коментари и стереотипи имало само од страна на оние кои не ме познаваат доволно. Убава жена не е е по дифолт недостојна да работи во образовна институција. Јас го докажувам спротивното. Верувале или не, важам за строг наставник.
*Како се снајдовте во време на онлајн наставата и ти и твојот син кој е тинејџер?
- Дефинитивно беа потребни два компјутери, бидејќи јас минимим 4 часа дневно предавав онлајн, а тој следеше настава...по дома беше гужва, јас едвај чекам да почнеме со работа на училиште. Мое мислење е дека е поефикасно за децата.
*Ти си самохрана мајка, како се носиш со тој предизвик, имаш ли совет или порака за друите самохрани мајки?
-Се носам како знам и умеам. Можам да замислам да нема за мене но не и за моето дете. Тино ги следи светските трендови и секогаш знае што сака, но јас гледам сè што ќе добие да е награда за нешто сработено од негова страна. За да знае дека не се доаѓа до посакуваните работи така лесно. Совет не би дала...верувам дека секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното дете, исто како и јас.
*Како е да си мајка на тинејџер, како се справуваш во тој предизвикувачки период за твоето дете?
-Верувајте годинава за првпат се соочувам со некои работи и честопати се преиспитувам дали постапив правилно.... се водам инстинктивно, и така ги решавам ситуациите со мојот син. Секако дека го сакам најдоброто за него.
*Како си поминавте на летен одмор во Грција?
-Па со оглед на тоа дека Тино има 14 години, верувам дека наскоро ќе сака да оди на одмор со друштво...така што јас како мајка уживам до последно што имавме уште едно заедничко лето. Тино е хиперактиврн, претежно ги исполнував неговите желби. Си имаме омилени проверени плажи, направивме концепт и сè беше организирано. Најмногу го сакам тоа море. Сме летувале и на други места но секогаш се враќаме во Грција.
*Откако се раздели од сопругот, за твојот љубовен живот малку се знае, дали во љубовта си среќна и исполнета?
-Можеби не сум секогаш заљубена, но сметам дека е најважно што никогаш не престанав да трагам по вистинска љубов, сакам да сум среќна, го сакам животот и секој нов ден и максимално го користам. А љубовта не оди по нарачка. Кога ќе почувствувам дека е тоа- тоа без проблем ќе ви кажам.
Милица Џаровска
Фото: Приватна архива