Добрила за смртта на синот: Не го убедив дека треба да се лечи

Пејачката Добрила Ивановска- Чабриќ од Дојран, која на 90 години стана победник на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“ во Белград, откри како ја поднела загубата на синот. 

„ Ако јас мојот син не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример, јас немам права да заминам по него. Тој крена раце од себе си, од животот, тој не сакаше да се лечи. Замина прерано и велам дека немам право да заминам по него затоа што мене тој пат секако ме чека“, е дел од интервјуто на Добрила за српската телевизија „Гранд“.

Добрила додава дека во животот секогаш ја гледала убавината и позитивната страна, и тоа ѝ давало сила. 

„Пресреќна сум што имам поколение од својот син, што мојата крв оди понатаму. Затоа, имам сила да живеам, сакам да живеам и ќе им бидам пример на сите како треба да живеат “, изјави Чабриќ за крај.