Додека сите пишуваат за експресниот развод на Емилија Розман, таа прави шеги на своја сметка
„Подарувам венчаница, носена само еднаш, по грешка“ - стои во огласот кој познатиот модел Емилија Розман го сподели на својот Инстаграм профил.
Сево ова следуваше откако медиумите започнаа да пишуваат за нејзиот развод. Имено, откако во средината на јули му кажа „да“ на своето момче, Стефан Ангеловски и набрзо стави крај на оваа љубов. Сето ова може да се сфати и по избришаните фотографии од нејзиниот профил на социјалните мрежи, но и по она што моментално го споделува на истите.
Некои ќе кажат „Се што е слатко, трае кратко“, но и за оваа таа сподели интересна порака на Инстаграм.
„Парови се гледаат по 10 години, па се венчаат и по една година се разведуваат. Тотални страници спијат заедно уште на првиот состанок и сега прославуваат 15 години од брак. Некои се мажат по шест месеци и се уште се во среќен брак. Нема формула за ова. Прави го она што те прави среќен“ - посочи Емилија.