ДОДЕЛЕНИ СТИПЕНДИИ НА МЛАДИ БАЛЕТСКИ УМЕТНИЦИ ЗА ТАНЦОВ НАТПРЕВАР ВО ИТАЛИЈА
Од 18 до 20 мај, во Bullfrogs Ballet School во Скопје се одржа три-дневна работилница за современ танц за деца и млади со италијанската кореографка Симона де Тулио од танцовата компанија Breathing Art од Бари.
Три-дневната работилница насловена како „Be Italian” беше дел од проектот за културна размена спроведен во партнерство помеѓу Bullfrogs Ballet Production и танцовата компанија Breathing Art Company од Италија, поддржан од Италијанска амбасада.
По работилницата беа доделени дипломи за учество и шест стипендии за учество на ученици од Bullfrogs Ballet School за меѓународниот танцов натпревар „Сан Никола” кој ќе се одржи во декември во Бари. Италијанскиот Амбасадор НЕ Карло Ромео присуствување на доделувањето на дипломите и стипендиите и искажа благодарност до Bullfrogs Ballet School за иницијативата за овој проект. Тој нагласи дека ваквите соработки се одлична можност за младите да се запознаат со други култури и традиции, но и дека овие проекти придонесуваат кон јакнење на соработката меѓу двете земји.
Амбасадорот ги потврди заложбите на Италијанската Амбасада за поддршка на културата и додаде дека музиката и ритамот од јужна Италија имаат многу сличности со музиката и ритамот од Македонија, што сведочи за блискоста на нашите народи. Упати честитки до учесниците и до стипендистите и изрази искрени желби нивниот труд и трудот на Bullfrogs Ballet School да продолжи за резултира со одлични успеси.
Кореографката де Тулио се заблагодари за можноста да ја одржи работилницата и нагласи дека покрај желбите и љубовта на учениците кон танцот, од исклучителна важност е за секој млад балетски уметник да има педагог кој ќе го мотивира и турка надвор од комфорната зона, бидејќи тоа е клучот на успехот.
Уметничкиот директор на училиштето – Александра Никифоровски се заблагодари на поддршката од Италијанската Амбасада и Амбасадорот Ромео и истакна дека стратешка определба на Bullfrogs Ballet School е да им овозможи еднаков пристап на сите ученици од училиштетот и љубители на танцот до различни танцови содржини, бидејќи тоа е многу важно за развојот на младите балетски уметиници. Потенцираше дека Биди Италијанец/ка е овозможи одлична културна размена за сите учесници. Младите ученици изразија благодарност до кореографката и училиштето и уште од сега започнуваат со подготовки за меѓународниот танцов натпревар во Бари.