Дојди ми да си отсутен со своето присуство: Снеже Велков заинтригра со нејзината писателска страна

Инфлуенсерката Снеже Велков не ретко знае да сподели интересен од срце напишан статус. Таа е активна на социјалните мрежи, особено со утринското вежбање, со возењето велосипед, готвењето но и со инспиритивните, емотивните и реалните статуси кои ги споделува со своите следбеници и јавноста. Овој пат атрактивната ТВ водителка на својот Инстаграм профил напиша: 

Дојди да се гледаме само..
Дојди да си ќутиме само..
Дојди да си дишеме еден до друг само.
Дојди ми да си отсутен со своето присуств
Дојди да те погледам. Дојди, да ме видиш!
Дојди да ти се насмевнам случајно, а ти да ме допреш несмасно
Дојди бе, да ми збориш безвезни работи, а јас да се смеам ко тинејџерка.
Дојди бе, да ме закачаш, а јас демек да ти се налутам.
Дојди бе мајко му! Та нема вечно да сме истите.
Ќе се "збабосам" ќе се "здедосаш".
Ќе станам склеротична ќе добиеш алцхајмер.
Ќе ме здоболат коските, ќе си го загинеш бастунот.
Ќе си го изместам колкот. Ќе си ја изгубиш вилицата.
Дојди бе дур уште се сеќаваш која сум, а јас уште треперам по тебе...
Туку, не те прашав
А да дојдеш... Смееш ли?



Фото: Инстаграм - Снеже Велков

Можеби ќе ве интересира:

Снеже Велков кажа „НЕ“


Снеже Велков со моќна порака до женскиот пол: Не труди се да си „маж“ за да докажеш дека си силна, моќна и способна