Докторка од Кина ќе докажува дека коронавирусот го создал човек

Докторка од Кина тврди дека коронавирусот го создал човек и ќе настојува тоа да го докаже. 

Taa e убедена дека Ковид-19 е создаден во лабораторија во градот Вухан. 

Кинески виролог, кој тврди дека Ковид-19 е создаден од човечка рака во лабораторија во Кина, во понеделникот објави извештај за кој вели дека го поддржува нејзиното експлозивно тврдење, објави „Њујорк пост“.

Д-р Ли-Менг Јан, поранешен истражувач на Факултетот за јавно здравје во Хонг Конг, објави труд на веб-страницата „Зеноте“, за кој тврди дека покажува како САРС-Ков-2 може да биде креиран во лабораториски услови за шест месеци.

Трудот, коавторско дело создадено заедно со двајца други истражувачи, е насловен како „Невообичаени карактеристики на геномот САРС-Ков-2 што сугерираат софистицирана лабораториска модификација наместо природна еволуција и обележување на неговиот веројатно синтетички пат“.

Целиот текст за докторката од Кина и потеклото на коронавирусот прочитајте го на Фактор.мк