Должината на вашите прсти крие големи тајни: Обратете внимание

Стапалото и прстите на нозете многу откриваат за вас и вашето здравје. Добро обратете внимание на нивната должина.

Голем палец

Ако имате голем палец, тоа значи дека сте среќна и талентирана личност. Паметни сте, креативни и длабоки мислители. Постои еден спореден ефект, а тоа е дека тешко се фокусирате на една работа затоа што креативноста ве тера да барате повеќе.

Втор прст

Вториот прст на десното стапало покажува што сакате од животот. Просторот меѓу тој и средниот прст значи дека сте емотивна личност и се обидувате да ги задржите емоциите. Колку што е поголем овој прст, толку ви се подобри лидерските вештини. Помал втор прст значи дека сте трпеливи во животот.

Среден прст

Ако третиот прст ви е поголем од останатите прсти значи дека сте собир на непречна енергија и многу снаодливи во работата. Сакате совршенство во работата и се што ќе направите, го правите на најдобар начин. Помал среден прст значи дека знаете како да уживате во животот. Не се лутите лесно и знаете како да се опуштите.

Четврт прст

Долг четврт прст значи дека фамилијата ви е најважна работа во животот. Ги негувате односите и сте голем слушач. Малиот четврт прст значи дека фамилијата не е работа на која толку се фокусирате во животот и важиот фокус е на други работи во животот.

Мал прст

Ако малиот прст ви е долг, тоа значи дека уште сте дете во душата и одбивате одговорност во животот. Брзо ви станува досадно и имате немирен дух. Ако можете да го мрдате прстот одвоено од останатите, вие сте со авантуристички дух. Ако не можете, тогаш сакате да живеете рутински, предадени сте им на луѓето кои ги сакате и го очекувате тоа за возврат.