Култура // Настани
Домаќинот Полска ја однесе победата: Македонија 6 - та на Јуниорската Евровизија
17 - тата по ред Јунироска Евровизија започна и заврши спектакуларно како што му доликува на еден музички настан од светски размери. Настапите на сите 19 земји учеснички изобилуваа со неверојатни сценски ефекти, но и самите деца се имаа многу потрудено достоинствено да ја претстават својата земја.
Нашата претставничка Мила Москов настапи под редниот број 4, застана сама на сцена и покрај видната трема, „Fire“ ја донесе на еден беспрекорен начин. Буквално ѝ покажа на Европа како се пее во Македонија. Повредата која ја имаше остана заборавена, а резултатот го потврдува тоа.
Настапот на нашата претставничка, како и гласовите погледнете ги на Хаштаг.