Домашен сок кој разладува и лекува: Брзо се прави и е спас од летните горештини (РЕЦЕПТ)
фото:unsplash
Кога надвор е многу топло и ништо не може да ја задоволи вашата жед, овој сок е одличен избор!
Нане или мента - народот користи илјадници години. Иако најчесто се користи за правење чај во зимските месеци, може да се користи и за многу други работи, а една од нив е освежителниот сок за летниот период.
Нането е растение со силен мирис, диво расте како трева, но може да се одгледува и во саксии. Одгледувањето нане во градина или саксија е многу лесно, бара многу вода и треба редовно да се полева.
Нането се одгледува во многу делови од светот, има пријатен мирис и вкус, а покрај неговите лековити својства, нането е одличен зачин.
Постојат многу домашни рецепти за сок од нане, а ние ви претставуваме еден многу лесен за подготовка:
Состојки:
1 литар вода
100 гр нане
1 кг шеќер
1 кесичка сок од лимон
Подготовка:
Нането измијте го и исечкајте ги листовите и ставете ги во тенџере со вода. Оставете да отстои 24 часа. Потоа исцедете и додајте ги шеќерот и сокот од лимон. Оставете го шеќерот да се раствори, но повремено мешајте.
Кога шеќерот целосно ќе се раствори, истурете во шише. Растворете го сирупот со вода, а густината е по желба. На литар вода можете да ставите 10-15 лажици сируп или повеќе.