Домашни бонбони за воспалено грло и кашлица: Потребни ви се само 2 состојки
Ви претставуваме еден од начините на кој можете да смирите кашлица и воспалено грло, сосема природно, со помош на бонбони што можете сами да ги направите.
Ви треба:
- 2 чаши вода
- свежи или суви билки (жалфија, мајчина душица, бел слез, камилица или нане)
- 1 ипол чаша мед
Подготовка:
1. Истурете 2 чаши вода во тенџере да врие. Ставете од лековитите билки во врела вода (препорачливо е да ставите по една лажичка од секој вид на билки) да се впијат 20 минути, а потоа да се цедат.
2. Во друг сад за готвење, истурете една чаша вода во која беа потопени билките и една и пол чаша мед. Ставете да се готви на средна температура.
3. Промешајте ја содржината на таа температура околу 30 минути, или додека не достигне 150 степени Целзиусови. Може да проверите дали смесата е подготвена со земање парче од смесата и спуштање во ледена вода, ако парчето веднаш се стврдне, смесата е подготвена. Или кога смесата почнува да се пени и да се одделува. Тогаш е важно брзо да го извадите садот од шпоретот, така што смесата нема да изгори.
4. Потоа пренесете ја смесата во плех претходно обложен со кокосово (или некое друго) масло и оставете го да се излади доволно за да го земете во вашите раце за да ги обликувате бонбоните.
5. Наредете ги обликуваните бонбони на хартија за печење (или плех) и оставете ги да се изладат целосно. Може да ги посипете и со шеќер во прав за да не се лепат едни на други.
извор:stil.kurir.rsфото:Shutterstock