Донесете ми ја Лорена: Дарко Лазиќ ги вознемири најблиските

Добивај вести на Viber

Пејачот Дарко Лазиќ доживеа паничен напад по операцијата што ја имаше во средата. Тој, наводно, по будењето од анестезија, молел да му ја донесат ќерката за да ја прегрне.

По две недели поминати во КБЦ Земун, медицинскиот тим одлучи дека Дарко е подготвен за најкритичната интервенција - операција на нозете. Интервенцијата траеше шест часа и беше многу комплицирана, исто како и состојбата на пејачот кога се разбуди. Дарко имаше тешкотии да се врати во реалноста. 

- Дарко многу тешко психички го поднесува тоа што му се случува. Често го споменува своето семејство, зборува неповрзани работи, ја довикува вереницата Марина и ќерката, но вакво нешто никогаш досега не сме виделе од него. Штом се разбуди почна да ја бара Лорена. Најпрво ја молеше медицинската сестра да и се јави со видео повик за да ја види, а кога таа му објасни дека не може, почна да вика. Плачеше и вриштеше, беше ужасно. Одекнуваше во интензиваната нега. Никогаш не сум слушнала таков звук, изјави за српски „Ало“, извор од болницата.

Пејачот со измешани емоции, стравува дали ќерката знае што се случило и дали го заборавила.

- Ова е најтешко за Лорена. Цело време плаче за тато бидејќи не го гледа. Го бара, бара  да го види. Точно е дека нешто не е во ред, иако сите ние се обидуваме да се смееме пред неа. Таа ми е паметен ангел, веќе е голема и не разбира. Ние го криеме тоа од неа, не е паметно да дознае и да ја шокираме. Ана е постојано со неа и е целосно посветена на неа. Се обидуваме да го надоместиме отсуството на Дарко - раскажува бабата на Дарко.