Др. Жарко Костиќ, веќе три месеци преку бесплатни онлајн предавања охрабрува многумина да останат позитивни

Откако почнаа карантинските денови, секој понеделник, среда и петок, од 20.30 часот, за многумина корисници на социјалните мрежи, е време резервирано за интересните онлајн предавања на Др.Жарко Костиќ, мотивациски говорник и тренер за личен развој. Темите се секогаш различни, понекогаш се и по барање на самите гледачи, но главно се за справување на сите животни препреки и предизвици со кои се соочуваме во секојдневниот живот. 

Аплауз за човекот кој на многумина им ги разубавува овие карантински месеци, со најпозитивни пораки, мудрости и примери како да се справат со животните ситуации и за момент да заборават на темата корона вирус.