Драган Бјелогрлиќ четири дена не се капел поради мојата книга: Интервју со др. Неле Каралјиќ

Добивај вести на Viber

Приказната на романот „Солунска 28“ е возбудлива, филмска, торогателна и весела, жива и на моменти надреална. Слично животно искуство има нејзиниот автор, др. Неле Карајлиќ, фронтменот на бендот „Забрањено пушење“, еден од авторите и главните ликови на култната „Топ листа на надреалистите“. Сараевчанец кој од војната во Босна живее во Белград, Неле го зема за мотив токму Белград на почетокот од дваесетиот век и зборува за куќата во улицата „Солунска 28“ во населбата Дорќол, каде што неговиот прадедо навистина имал куќа, а дејствието го води судбината на двете семејства која се преплетува. Со Неле муабетевме на штандот на „Арс Ламина“, која е издавач на македонското издание, а беше промовирано сношти на Саемот на книгата. „Арс ламина“ е издавач и на првата книга на Карајлиќ, автобиографскиот бестселер „Фајорнт во Сараево“. Со Неле муабетот оди лесно и низ насмевка, а секој одговор е дел од неговата животна приказна. За новиот роман, тој ја доби високата книжевна награда „Момо Капор“. Книгата ја спореди со неговата песна „Пишоња и Жуга“ и откри дека за неа би снимил и филм, ако се најде некој кој ќе го финансира.   

* Книгата „Солунска 28“ ја посветивте на вашите родители. Имаат ли главните ликови, чесниот Живота и итрата Боса доприни точки со нивните карактерни особини? 

- Не во буквална смисла. Но, кога ги креаирам ликовите секогаш имам особина од некого кој е таков или онаков. Живота ја има добрината на мојот татко. А сето останато може да е само слично. Мојата мајка е испреплетена во карактеристиките на останатите женски ликови.

* Дали амбициите на Боса, која од сиромашна станува богата и тоа по секоја цена сака тоа да го истакне пред јавноста ве инспирираа да ѝ го дадете поднасловот на книгата „За парите и за страстите“? 

- Меѓу другото, да. Боса е типична жена од Херцеговина која ја има таа некоја амбиција што побрзо да се искачи на тоа некое скалило на повисокото друштво на Белград од почетокот на 20 век. На неа дури ниту парите не и се толку важни коку што ѝ е важно да биде присутна во белградскиот општествен живот и побрзо да дојде до кралскиот двор.

* Интересна метафора е малиот жолт пес кој е олицетворение на доброто. Велите дека песот за францускиот адвокат Ришар е патоказ да прави добри дела. Сте имале ли вие таков некој лик во животот?

- Мене татко ми ме учеше да ги сакам луѓето, а мајка ми тврдеше дека тој не е во право. Мојот татко ми зборуваше дека луѓето се многу добри, а мајка ми зборуваше- пушти го него, биди ти паметен. Но тоа не значи дека ако мислиш дека луѓето не се добри не си паметен. Така што не сум го имал тој метафизички елемент каков што имаше Ришар. Малиот жолт пес се појавува во клучниот момент на животот на францускиот адвокат и го усмерува на една или на друга страна. Ришар е еден од оние ликови на кои најмногу потрошив време, затоа што се обидов да најдам баланс помеѓу тоа, не можам да речам зло кој тој го има во себе. Но,барав баланс помеѓу саможивноста и бескруполозноста која француската аристократија ја имала во тоа време, и човекот кој во суштина е топол и добар што на крајот со едно свое дело го покажува.

* Еден од уредниците на романот е и вашата сопруга Сања. Колку нејзината женска интуиција или можеби проникливост ви помогнаа оваа приказна да биде толку возбудлива и филмска? 

- Многу ми помогна. Таа е мојата мала тајна, кога ќе ме прашаат во што е тајната. Таа беше коректор буквално на сите женски ликови. Прво го читаше текстот па го поминуваше низ првото „сито“, како сито за брашно. Во многу делови ги корегираше женските ликови кои јас не можам да ги препознаам, и затоа ми е многу драго кога некои критичари ќе забележат дека имам добро обработени женски ликови. Тоа дури ни Достоевски не го имал, осен Анастасија Филипов. Се шегувам. Но, тој многу подалеку отишол од мене, но можеби и нему жената му помагала.

* Кој ви го даде најголемиот комплимент за книгата?

- Мојот другар Драган Бјелогрлиќ. Ми се јави од летување и ми рече: „Еве, ја понесов твојата книга на море. Што ми направи, четири дена се немам искапено на плажа, не ја пуштив од раце.“ 

* За вториот дел, рековте дека ќе има поднаслов „За пријателството и за издавањето“, и ќе го опфати периодот за време на втората светска војна во Белград. Како ќе се вика третиот дел? 

- „За сексот, дрогата и рокенролот“, тоа ќе биде последниот дел. Ќе го опфати ова, поновото време.

* Ќе има ли во него повеќе ваши автобиографски елементи, и дали финишот на оваа приказна ќе наликува на првата книга, „Фајронт во Сараево“ ?

- Без соменеж ќе го зафати тоа време на рокенролот во раната фаза, во една белградска приказна. Тоа време ми е многу интересно, затоа што бев дел од него. А Белград на најубав можен начин беше премин на двата система, две држави, две земји. На Белград најдобро му се познаваше тој крах на комунизммот, беспризорноста на капитализмот и стравот од војната. Иако нели, првата бомба на Белград падна дури во 1999 година.

* Вчера беше деветти мај, денот на победата над фашизмот.

- Гледам јас, никој овде тоа не го слави, хахаха.

* Имате ли сеќавања на овој ден и какви ви се сеќавањата на 25 мај од времето на Тито?

- 25 мај ќе го прославиме со „Забрањено пушење“, на голем концерт во Белград, на Ташмајдан. Деветти мај во поранешна Југсолавија не беше нешто премногу акцентиран, затоа што на територијата на СФРЈ додека во светот славеле слобода, сѐ уште се воделе борби. А другарот Тито не сакаше да дозволи некој друг да е поважен од него. Тој не успеал да стаса прв до Берлин, туку први стасале Русите, тогаш Тито го тргна малку тој деветти мај на страна и го префри на 25 мај, неговиот роденден.

* Повторно им се вративте на настапите со вашиот бенд и песните од „Забрањено пушење“, иако претходно изјавивте дека „микрофонот го закачивте на шајка“. И во Скопје, на „Таксират“ настапивте на симболичен ден, 29 ноември. Колку интензивно настапувате со бендот?

- Да, последните три концерти ни беа на 29 ноември во Скопје, за Нова година во Нови Сад и на Први мај во Врњачка бања. Сега не очекува Ташмајдан на 25 мај, сите концерти на некакви датуми што нешто значат или значеле. Добро е што им се вратив на свирките,  но тоа не е толку интензивно. Повеќе одам да одржам некое предавање или се занимавам со промоцијата на книгата, а свирам поретко, но на добри места и на важни фестивали.

* Дали сѐ уште ве исполнува ритуалот да печете ракија во викендицата кај Младеновац со пријателите?

- Да, тоа се навистина ритуали. Тоа е однапред испланиран настан затоа што ми доаѓаат другари кои живеат на различни страни од светот. Така што, терминот го вколпувам кога сите можат да дојдат во мојата викендица. Тогаш, ги откчуваме жените и таа забава на печење ракоја и на дегустација на претходната трае и по три дена. А оваа година фала му на бога има уште повеќе материјал за ракија, имаме многу овошки. 

* Како ви се децата, со што се занимаваат?

- Одлично се децата, секој на својата работна задача. Ќерката Јана веќе втора година е на Универзитетската клиника за мали животни во Берн, таа од мала сакаше да стане ветеринар, работи тамо како докторка. А синот Срѓан студира во Америка, сега заврши трета година. 

Милица Џаровска 

Фото: Маја Аргакијева