Животна училница // Приказни
Драгана од Струмица и Омaр од Скопје издоминираа во „Ѕвездите на Гранд“: Македонците ги собраа сите гласови од жирито
- 16 Јануари, 2022

Во епизодата на наптреварувачкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ која се емитуваше синоќа, македонците издоминираа со своите изведби и ги собраа сите гласови од жирито.
Омар од Скопје настапуваше прв, негов ментор е Ѓорѓе Давид, а поддршка во жирито му беше пејачката Лина Пејовска. Омар го освои жирито со двете песни и ги доби сите гласови, заслужено.
Синоќа, трета по ред настапуваше и шеснаесет годишната Драгана Костова од Струмица, чија менторка е Марија Шерифовиќ и доби прекрасни зборови од жирито. Сите ја пофалија дека има огромен талент и дека пее маестрално.
Погледнете ги нивните изведби - Омар пее на 5:00 минута, Драгана на 20:55 минути.