Драги мои, еве зошто не можете да си најдете сопруг: Вистинскиот одговор го има психолог Лабковски

Психологот Михаил Лабковски има долгогодишно искуство во семејна психологија. Тој ги опфaќа сите теми на семејна и лична среќа. Луѓето ширум светот внимателно ги следат неговите објави, бидејќи тие главно не разбудуваат, отрезнуваат. 

Ви донесуваме една таква приказна, каде Лабковски вели: Честопати добивам пораки од жени за да ги советувам зошто тие се сами и не можат да си најдат „сродна душа“.
На прашањето: Зошто сум сама?
Јас обично одговарам: 

„Затоа што се плашите од врски: 
Ако тато и мама често се расправаа и на крајот се разведоа или уште полошо: живеат во лош брак, не е изненадување што со такво искуство, несвесно се плашите дека ќе имате ист вид брак: без љубов и разбирање.

Затоа што се плашите од мажи:
Друга типична ситуација: ако татко ти бил насилен и те „воспитувал“ со каиш, или ако бившиот бил љубоморен и агресивен, постои голема веројатност дека ќе живееш во страв од мажи. И тоа е сосема природно.

Воспитани сте погрешно:
Да речеме дека твоите родители ти кажале дека си нивна „принцеза“ и дека никој не е доволно добар за тебе. Тогаш тешко дека ќе најдете некој за себе. Но, исто така е голема, ако не и најголемата грешка, кога родителите ја воспитуваат својата ќерка да верува дека треба да му се покорува на маж. Па, да бев таа девојка, немаше да брзам да се омажам...

Ако татко ти го напуштил семејството и не си го видела одамна: 
Кажи ми кој сака да се поврзе со човек што го сакаш со целото свое срце, и тој само исчезнува во одреден момент? Ако мажите во вашиот живот само ви донеле болка, природно и логично е да се плашите да стапите во контакт со некој од нив.

****Вистина, постои едно „но“:
некој одлучува да ја прескокне сопствената психолошка траума, а некој ќе реши да стори нешто за тоа. И мојот совет е да барате некој што само ќе ви пружи среќа. И, ќе успеете само ако се обидете и направите грешки, се обидувате и грешите... така ќе најдете некој посебен еден ден.
Мора да запознавате мажи за да изберете некого за себе. Стравот од врска со маж се отстранува само со излегување на состаноци со мажи. Комуницирајте со нив. Дајте им шанса и секогаш имајте на ум дека никој не е совршен. 

 И, конечно:
Сакам да кажам дека има поединци на кои едноставно не им требаат врски, ниту семејство. Тие се среќни сами. И, таквите луѓе не треба да подлегнуваат на притисоците на околината и да се омажат за некој што не ги прави среќни... “, завршува Лабковски. 

извор/автор: Михаил Лабковски, превод stil.kurir.rs

-Психологот Лабковски: Не ги гушете мажите со вашите проблеми - 5 грешки со кои ги отфрлате
-Несреќа е кога не живеете ниту еден ден како што сакате: Лабковски објасни што е вистинска несреќа
-Рускиот психолог Лабковски советува: Како секоја жена може да направи идеален сопруг и татко од својот маж