Драги невоспитани луди жени, местото ви е погрешно да се лечите овде: Мелита Ракичевиќ со статус за својот бутик

Мелита Ракичевиќ застана во одбрана на нејзиниот онлајн бутик.

„Мелита Бутик за уникатна гардероба“ - вака е насловена Фејсбук страницата која според описот е водена, и ѝ припаѓа на познатата македонска водителка Мелита Ракичевиќ.

„Уникатна гардероба потпишана од познатата ТВ водителка Мелита Ракичевиќ.
Урбани парчиња кои ќе ги задржат сите очи вперени во вас!
...само за ти да бидеш уникатна!“, стои во описот на фан страницата која брои над 21.000 следбеници, а на истата се споделуваат фотографии од облека која се продава.

Елегантни фустани, дуксери, капути, комплети, од сѐ по нешто.

Како ѝ оди бизнисот од светот на модата на Мелита не знаеме, но нејзиниот денешен статус дефинитивно нѐ изненади.

Имено, очигледно изреволтирана, Мелита напиша статус со навредлив тон кон жените кои најверојатно ѝ забележале дека цените се ниски за „нешто“ што таа го нарекува бренд и висок квалитет.

Сепак, Мелита се брани дека напротив, сака да ги направи овие парчиња квалитетна роба, достапни до секого.


Секако во коментари има и дами кои ја поддржаа Мелита и напишаа дека се презадоволни од нарачките кои им пристигнале.