Дру Баримор: Мајка ми на 13 години ме смести во лудница, денес ја разбирам

Американската актерка Дру Баримур (46) неодамна гостуваше во радио емисијата на Хауард Стерн и по тој повод откри дека била сместена во психијатарска установа кога имала 13 години и дека нејзината мајка ја испратила таму бидејќи била „невозможна“.

Имено, Дру почнала да се занимава со глума уште во детството и брзо станала една од најголемите детски ѕвезди на Холивуд.

-Се забавував по ноќни клубови, не одев во школо, им го крадев автомобилот, бев целосно надвор од контрола - раскажала 46 годишната актерка.

Покрај тоа, таа додала и како 18 месеци била сместена во психијатарска установа и објаснила поради што мајка и Џејд Баримор ја сместила во таква институција.

-Создаде чудовиште и не знаеше што да прави со мене. Тоа беше нејзин очаен обид. а јас навистина бев надвор од контрола. И простувам поради таквиот избор. Веројатно чувствувала дека нема на кого да му се обрати - додала Дру.

-Таму немаше шеги. Ако правите глупости, ќе ве изолираа во соба, или ќе ви го ограничеа движењето со врзување - рекла актерката која после тоа некое време не разговарала со мајка си, но подоцна се смириле.

Актерката денес разбира зошто нејзината мајка го направила тоа.

-Денес ја разбирам, чувствувам добрина и емпатија кон неа-рекла Дру.

И покрај тоа страшно искуство, вели дека престојот во психијатарска установа е најдобрата работа која можела да и се случи бидејќи доста ја „смирило и приземјило“ за да стане личност каква што е денес.

Дру во понеделникот на 22 февруари наполни 46 години и откри дека „не сака никогаш да оди под нож“ за да го задржи младечкиот изглед, бидејќи ќе се „навлече и нема да може да престане, па ќе изгледа како Џозлин Вајлденштајн.


Извор: Telegraf.rs 

Фото: Инстаграм