Друга страна на приказната: Што пишува во тајните необјавени писма на принцезата Дијана

Поминаа 24 години од нејзината смрт, а светот продолжува да го интригира животот на принцезата Дијана.

Писмата на Дијана, пишувани за нејзиниот близок пријател Роџер Брамбл, од август 1990 година до мај 1997 година, беа пронајдени на еден селски имот, во плакар 23 години подоцна, и наскоро ќе бидат ставени на аукција. Околу 40 писма содржат разни анегдоти и приказни поврзани со принцезата и нејзините синови, како и сплет на чувства предизвикани од гласините за нејзиниот брак со принцот Чарлс.

Писмата ја откриваат духовитата, вешта и интелигентна рака, како и големата дарежливост на умот на принцезата. Роџер Брамбл верувал дека тој е само константа во нејзината приказна, независна од она што се случувало. Со принцезата се познавал уште од детството, а подоцна им ги оставил писмата на помладата генерација да се грижат за нив. „Среќни сме што ги најдоа и решија да ги споделат со пошироката јавност“, се наведува во официјалниот опис на аукцијата.

Принцезата од Велс посветува особено внимание на биографијата на Diana: In Her Own Words, напишана за неа од Сандеј тајмс, што го разгори медиумскиот оган за нејзините брачни проблеми. Имено, тој  период го нарекува ужасен, не криејќи го стресот, болката и притисокот што ги чувствува.

Главната цел на продажба на писма на аукција е да и се даде на јавноста шанса да ја запознае друга страна од приказната на Дијана, која толку вешто се обидува да ја скрие кралското семејство. Продавачот исто така наведува дека ова драгоцено богатство ќе придонесе Дијана да се гледа повеќе како вистинска личност, а помалку како драматично суштество од филмови и портрети кои ја анализирале на различни начини.

Извор: elle.rs

Фото:Инстаграм/profimedia


Прочитајте и :

Тагата на изневерената жена: Принцезата Дајана имаше комплициран однос со модната куќа Шанел, а нема врска со мода