Другар и доктор со големо срце: Почина 32-годишниот пулмолог Трајче Нешковски

Почина доктор Трајче Нешковски, специјалист интернист од Клиниката за пулмоалергологија, дел од тимот кој работеше во Козле.  

Нешковски го загуби животот во сообраќајката која попладнево се случи на улицата „Френклин Рузвелт“, кога му се слошило и со автомобилот се забил во дрво. 

Тој со Брза помош е пренесен на Ургентен центар, каде што починал, како што дозна Фактор, два часа го реанимирале, но лекарите не успеале да го спасат. Телото ќе биде предадено на обдукција. 

Министерот за здравство, премиерот, министерот за внатрешни работи, генералниот секретар и други функционери и лекари се простуваат од Нешковски, пишувајќи дека изгубиле доктор и пријател кој дал многу во борбата со коронавирусот. 

Доктор Трајче Нешковски имаше само 32 години.