Дубаи гореше: Карлеуша со неверојатен спектакл влезе во историјата на најголемиот пловечки клуб на светот

Се појави во „брутален“ костим...

Пејачката Јелена Карлеуша, на 21 јануари имаше спектакуларен настап во ноќниот клуб „Float“ влезе во историјата на Дубаи и потврди зошто е една од најголемите ѕвезди на Балканот.

Јелена настапи на најголемиот пловечки клуб на светот, а како што се очекуваше од неа, со неверојатниот концерт за паметење ги импресионираше присутните и приреди спектакл кој никогаш порано не е виден во Дубаи.

Карлеуша со гласот и сценскиот настап издоминира на сцената во минијатурен розов костим, додека на рацете и глаавата имаше додатоци од пердуви, а покрај песни изведе и неколку странски песни. Костимот за оваа прилика го правел францускиот дизајнер Џилс, кој соработува со Лејди Гага, Ники Минаж, Карди Би, како и многу други светски ѕвезди.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Публиката беше воодушевена од перформансот на Јелена, а тамошните медиуми пишуваат дека Јелена „не ја пропуштила можноста да покаже зошто е број еден во Источна Европа“.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

фото: Инстаграм