Дури и мажите потврдија: Во овие години жените се чувствуваат најатрактивно

Во која доба жената „зрачи“ најмногу? 

Веројатно често сте чуле дека убавината во голема мера зависи од самодовербата што ја носиме во нас. Дека тоа е вистина, потврдува и едно истражување, кое дошло до заклучок во кои години жените се чувствуваат најпривлечно, односно кога имаат најголема самодоверба. 

Во случај да не сте знаеле, жените се чувствуваат најпосакувано на 31 година. И дали знаете зошто?
Оние кои веќе „достигнале“ зрели години, многу добро знаат дека со стареењето и зрелоста стануваме сè
 повеќе свесни за нашите квалитети.
Кога имате 31 година, вие сте доволно „стари“, а сепак „доволно млади“, за да сè уште не страдате што годините се читаат на вашето лице и тело.
 Оваа сознание на жените во триесеттите години им дава предност во однос на помладите девојки и еве зошто.
  
Девојките во дваесетите години често се чувствуваат несигурни, па затоа се помалку привлечни за посилниот пол. Додека, за разлика од нив, 30-годишните веќе имаат изградено свој стил, тие знаат што им одговара и во што се чувствуваат најпријатно, па затоа се многу попривлечни за мажите. Повеќето мажи на прашањето што ја прави жената привлечна, одговориле дека тоа е нејзината самодоверба.

извор:mondo.rs

Зрелоста може да биде прекрасна: 5 позитивни промени што ги чувствува секоја жена над 40 години