Дури нереално - на 65 години изгледа повеќе од одлично: Кога ќе се појави, сите останати паѓаат во втор план!

Таа ја знае тајната на добриот изглед

Нејзиното име со децении важи за симбол на чист сексапил, а денес на 65-годишна возраст изгледа совршено.

Таа неодамна се појави на забава во Лос Анџелес, а сите присутни се согласија дека нејзината возраст не може да направи ништо.

Во 7-мата деценија, актерката Бо Дерек успева да изгледа подобро од двојно помлади жени, сето тоа благодарение на едноставните навики до кои строго се придржува, но и на помалите естетски интервенции. 

„Никогаш не се криев дека одвреме-навреме одам кај пластичен хирург и не гледам што не е во ред со тоа“, рече таа еднаш.

Својот совршен изглед актерката го должи на правилната исхрана и редовните тренинзи. Да, добро слушнавте, таа е активна и во овој период од нејзиниот живот. Најмногу ужива на часовите по пилатес.

Таа редовно се консултира со нутриционист кој ѝ прави план за исхрана прилагоден на нејзините потреби и активности.

„Дисциплинирана сум кога е храната во прашање, не јадам слатко или масно, но тоа не значи дека гладувам. Одвреме-навреме се почастувам со чоколадо. Важна е рамнотежата", вели Бо.


Фото: Профимедиа

Една од најинтелигентните актерки „уловена“ во непрепознатливо издание: Има 65 години, а нејзиниот изглед загрижи многумина