Два детали се нејзиниот заштитен знак: Стилот на министерката Мила Царовска

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска е жена која негува едноставен, но модерен стил. Таа е дипломиран социјален работник, борец за човековите права, но и посветена мајка и сопруга.

Минималистичкиот пристап е нејзина јака страна, бидејќи министерката секогаш избира едноставни комбинации, а разбива монотонија со акцент на едно парче. 

Царовска е претпознатлива по нејзината фризура во која доминираат шишките. Но има уште нешто кое никогаш не изостанува од ритуалите за убавина на министерката. Тоа е нејзиниот маникир, кој секогаш е во некоја нијанса на црвена боја. 

Класика која никогаш не ја изгуби својата магија – црвениот лак за нокти, тој секако е еден од најпродаваните козметички производи на сите времиња. Црвениот лак е персонификација на внатрешната сила на жената, но и на нејзината страсност и сексуалност.

Кога станува збор за дрес кодот на политичарите, неопходно е да се стави акцент на елеганцијата, која дополнително придонесува за поголема претставителност. Од друга страна, можноста за комбинации кај жените политичари  е поголема токму поради изборот на дополнителни модни додатоци, кои може да бидат клучни за визуелниот изглед. 

Царовска уредно ги следи правилата за протокол, па затоа на сите појавувања изгледа навистина дамски и со стил.

Министерката пред извесен период откри лична приказна дека со нејзиното шестмесечно бебе одела на работа.

Фото: Фејсбук-страница на Мила Царовска

Д.К.