Двајца лекари во МАЛМЕД пријавиле дека нивни пациенти починале по вакцинацијата против ковид, се истражуваат причините

Двајца лекари во Агенцијата за лекови и медицински средства, МАЛМЕД, пријавиле сомнеж дека нивни пациенти починале после вакцинација против ковид во земјава. 

Ова го потврди раководителката во МАЛМЕД, Меријем Хаџихамза на брифинг со новинарите. 

Инаку, и двете пријави се доставени во различен временски период. За првиот пациент на 53-годишна возраст пријавата била доставена во април, а за вториот, кој бил на возраст од 85 години, на 30 септември. Повеќе прочитајте на Фактор.мк