Двајцата имале брак зад себе, нивната љубов траела 40 години: Ова е 20 години помладата сопруга на познатиот Тозовац (ФОТО)

Иако нивната љубов траела 4 децении, ретки биле ситуациите кога заедно се појавувале во јавност...

Легендарниот пејач на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац почина пред нешто повеќе од една година. Сепак, тој и понатаму живее низ бројните хитови кои ги остави во наследство.

Предраг и Мима по скоро 40 години љубов посакаа да го кажат судбоносното „да“. Тоа го направија кога тој имаше 85 години.

Во јавноста повеќе пати зборуваше за нивната љубов. Мима ја засакал, како што велеше, на прв поглед. Ѝ имаше напишано дури и песна и во повеќе наврати гордо раскажуваше дека со неа живее исполнето.

Двајцата имале по еден брак зад себе, а заедно во текот на емотивната врска немале деца, што на него му паднало особено тешко. Тозовац од првиот брак, кој траел само неколку години, исто така не се остварил како родител, додека Емилија има деца и внуци, кои пејачот ги прифатил како свои.

Своевремено покојниот пејач евоцираше спомени за средбата со својата судена жена,

„Се сретнавме сосема случајно и така почна. Се заљубивме штом се видовме“ - зборуваше Тозовац.

„На неа ѝ ја напишав песната „Мима“, која ја објавив во книга. Мима е мојата вистинска љубов и мој избор. Нашиот однос е повеќе од љубов. Љубовта би ја опишал како краткотрајна болест“ - поетски и симболично тогаш го опиша нивниот однос.

„Ние сме во најубавата фаза, бидејќи станавме пријатели кои не можат еден без друг. Љубовта нема врска со годините. Мира Ступица често сакаше да каже: „Го живеам животот со полни бели дробови и во овие години“, иако беше во старечки дом. Јас се сложувам со неа“ - беа мислите на пејачот.

фото: Принтскрин / Јутјуб