Две години се мачев, мислев дека ќе умрам: Славица Ќуктераш проговори за болеста

Познатата српска пејачка Славица Ќуктераш која две години се бореше со анксиозност, конечно отворено проговори за болеста која, како што самата вели, на почетокот не успеала да ја препознае.

- На 22 години мислев дека ќе умрам. Почна со некаков притисок, магла пред очите која не ми дозволуваше трезвено да ја согледам околината. Набрзо почнаа стравовите и сега кога ќе се присетам, навистина не знам како сум успевала да ги преживеам сите тие моменти - раскажа пејачката во емисија на Прва телевизија.

Ќуктераш признава дека двапати носела холтер, консумирала многу лекарства и дека ѝ требало време да сфати дека станува збор за ментална состојба со која се соочува секој втор човек.