Двојно ме мотивираат несекојдневните желби: Утринско кафе со Сузана Ѓорѓиевска

Денот ми започнува со посебен ритуал. Станувам рано, па поради тоа често го пијам утринското кафе сама. Прво што правам наутро е го ставам ѓезвето со кафе. Обожувам  да го пијам во мир и тишина. Додека го пијам кафето се преслушувам кои обврски ги имам и го организирам денот. Доволни ми се половина час за овој мој ритуал како што си го нареков. 


Бидејки мојата работа е со изработка на слатки, морам добро да се организирам за да можам да ги завршам сите обврски поврзани со мојата работа и нормално со домашните обврски и семејството. Има денови кога навистина ми е потребна добра организација и помош. Во такви ситуации, настапува моето семејство. Ќерките, исто така обожаваат да се во кујна и мислам дека без нивната помош не би успеала да постигнам сѐ. Тука е и синот кој без разлика на неговите години, знае многу добро да се снајде во кујна. Кога ги подготвувам тортите или колачите обожава да помага во делот на декорацијата.


Мотивацијата и енергијата ми доаѓа од моите деца. Сакам да сум успешен родител со кој би се гордееле. Пред се треба да си човек. Но секако и успешен и исполнет на секое поле. Обожувам и предизвик ми е и повеќе ме мотивира кога ќе побараат од мене некоја торта несекојдневна, во некоја необична форма. Уживам додека ја изработувам. Тоа ме исполнува и ме полни со позитивна енергија. Нема ништо поубаво од тоа да видиш насмевка и задоволство на лицата кај луѓето, предизвикани од тебе. По напорниот ден сакам со семејството да се собереме на вечера и секој да си раскаже како го поминал денот.


Во слободно време и пред спиење читам понекогаш книги или гледаме некој интересен филм заедно со семејството.


* Сузана А. Ѓорѓиевска - професионална слаткарка*