Џенифер Анистон изгледа како милион долари во фустан од 255 евра, но изгледот на нејзиното лице ги шокираше сите: Еден детаљ ги „запали“ социјалните мрежи
Џенифер Анистон вчера беше на промоцијата на серијата „The Morning Show“ во Лос Анџелес. Таа е вистинска кралица на минималистичкиот стил во модата и ѕвезда која ретко греши на полето на стилот, што се виде и овој пат, кога се појави во фустан со цветен дезен и миди должина. Тоа е модел на нејзиниот омилен бренд Reformation.
Толку многу добар стил и толку многу шик. Браво за овој моден избор во кој доминира бордо бојата. Сандалите се со совршен дизајн, накитот е одличен завршен чекор на модното издание, чантата е интересно решение за секојдневниот стајлинг, иако малку „отскокнува“ од останатите детали.
Џенифер Анистон во април носеше цветен фустан од споменатата модна куќа, цените на двата модели се 278 долари и 255 евра.
Одличен летен тренд лансираше Џенифер, додека од друга страна нејзините колешки Зендаја и Ања Тејлор-Смит промовираат нешто поинакво, појавувајќи се на црвениот тепих облечени во стилот на хероините чии ликови ги играат на екранот.
Анистон блесна на полето на модата, но повторно шокираше со изгледот на лицето. Веќе подолго време се сомневаше дека актерката имала одредени естетски или пластични корекции, што таа негира, па само признала дека уште порано направила пластична операција на носот. Кога пред неколку недели беше видена како заминува од една позната ординација каде се прават зафати за „вештачко разубавување“, тие сомнежи станаа поизразени. Таа тогаш беше во друштво на актерката Сандра Булок.
Може да се слушнат и коментари дека разубавувањето во нејзиниот случај тргнало во погрешна насока што ја нарушило нејзината природна убавина. Кога се појави вчера, имаше забележлив оток на едната страна од лицето, се надеваме дека не е сериозен проблем. Обожавателите се погласно кажуваат дека се помалку ја препознаваат Џенифер, па се убедени дека промените во нејзиниот изглед не се прашање на возраста. Актерката во февруари го прослави својот 55-ти роденден, а многумина мислат дека многу подобро решение би било природата да си го направи своето, односно со текот на времето да ја истакне својата убавина.
Фото: Инстаграм
Извор:Zena.blic.rs