Џенифер Лопез и Бен Афлек се подготвуваат за венчавка: Тајно ќе застанат пред олтарот и веќе сè е испланирано

Странските медиуми веќе кренаа голема бука дека Џенифер Лопез и Бен Афлек ја планираат нивната венчавка во Мајами, а наводно веќе знаат и кој сè ќе присуствува на свадбата.

Се оди до таму што, тврдат дека латино дивата Џеј Ло, веќе ги избрала деверушите за денот кога ќе му каже судбоносното „да“ на Бен, а подготовките биле при крај.

Според изворот за странските медиуми, Џеј Ло не се двоумела премногу за тоа кои девојки ќе блеснат во улогите на деверуши на венчавката.
„Џеј Ло и Бен сакаат целото семејство да биде вклучено во овој одличен ден. Џнифер одлучи дека деверуши ќе бидат нејзината 12-годишна ќерка Ема, како и ќерките на Бен, 15-годишната Виолет и 12-годишната Серафина.

Таа не ги заборави синовите, нејзиниот 12-годишен Макс и деветгодишниот Самуил на Бен, исто така ќе имаат посебни улоги на венчавката“, изјави извор за медиумите, додавајќи дека кумот на Бен треба да биде неговиот помлад брат, исто така актер, Кејси Афлек.

Покрај горенаведеното, на венчавката треба да присуствува нејзиниот поранешен сопруг, музичарот Марк Ентони, како и нејзиниот татко, кој треба да ја однесе до олтарот.

Медиумот исто така, наведува дека покрај Мајами, двојката ја разгледува и опцијата за венчавка во Санта Барбара, а Лопез е решена венчавката да ја одржи во Црквата.

За потсетување, гласините за обновената романса по 17 години започнаа пред неколку недели кога папараците ги снимија Џеј Ло и Бен на романтичен викенд.

Тие веќе не се ни обидуваат да се кријат, па во неколку наврати досега се снимени како разменуваат нежности во јавност.

извор:nova.rs

Поранешниот вереник на Џенифер Лопез има нова девојка: Алекс Родригез во љубов со русокоса убавица (ФОТО)


Како да сме поминале низ времеплов: Џеј Ло објави фотка со Бен Афлек + „уловени“ на јахта во истата поза како пред две децении