Џенифер Лопез во фустан создаден за привлекување внимание: Како дивата ги украде погледите и блесна
На овогодинешното доделување на Греми, пејачката и актерка Џенифер Лопез блесна во гламурозна сина креација од модната куќа Гучи.
Со фустанот искомбинира блескави сандали со платформа и вртоглаво високи потпетица, а станува збор за чевли кои Лопез сама ги дизајнирала во соработка со Revolve.
Тогаш соработката сѐ уште не беше официјално објавена, но во саботата вечерта Џенифер Лопез и Revolve ја прославија и со забава ја претставија својата заедничка колекција.
Според пејачката, таа сакала да внесе самодоверба и сексапил во колекцијата на чевли, како и историско влијание, па затоа е составена од чевли направени по моделот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век со модерен шмек.
Пејачката, се разбира, се погрижи на забавата да пристигне во облека во која сите погледи беа вперени во неа.
Таа носеше темен светкав фустан со вртоглаво висок шлиц на долниот дел. Смелиот фустан со едно рамо, во кој латино дивата изгледа сензационално, има и исечени делови на горниот дел, благодарение на што е креација создадена да привлече внимание. Долниот дел од фустанот е плисирано долго здолниште.
Со фустанот пејачката искомбинира светло виолетови металик сандали со платформа и вртоглаво висока потпетица кои се дел од споменатата колекција, а изданието го заокружила со висечки обетки и прстени. Косата ја носеше пуштена, подвиткана зад увото.
При пристигнувањето на забавата, таа облекла кратка сива јакна со пердуви над фустанот, зад која стои дизајнерот Дејвид Кома.
ФОТО: Инстаграм