Џенифер Лопез во опасна комбинација со полицајци порачува: Само еден е вистинскиот, доаѓаат добри работи

Кога не снима музички спотови, Џеј Ло ужива во друштво на новото старо момче Бен Афлек. Двојката конечно потврди дека се заедно. Папараци ги уловија како одат на романтична вечера во ресторан во Холивуд.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез (51) синоќа се фотографираше со полицајци кои ја штитеа додека снимаше ново видео во Мајами.

За таа пригода таа облече шорцеви во комбинација со бела раскопчана кошула и јасно видлив сребрен градник. Долгата кадрава кафеава коса ја украси со црвено капче.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Задоволните полицајци не ја тргаа насмевката од лицето откако позираа со популарната Џеј Ло.

- Има само еден вистински. Добри работи доаѓаат - порача таа покрај најавата од сетот . Бројни следбеници имаа само пофални зборови за нејзиниот стајлинг.

Неодамна, Џенифер призна дека таа и Бен Афлек се повторно заедно, иако неколку недели ја кријат својата романса од другите. Пејачката на тој начин пронајде среќа во прегратките на нејзиното поранешно момче.


Фото: Фејсбук/Инстаграм


Вака изгледа љубовта: Џеј Ло и Бен Афлек конечно „уловени“ како разменуваат нежности - ќе се стопите од нив (ФОТО)