Џесика Алба ја открива нејзината утринска рутина за нега на кожа

38 - годишната Џесика Алба има едноставен режим за нега на кожа, насочен кон чисти производи и хидратација. 

„Ова е мојата дневна рутина за нега на кожата! Сметам дека кожата е основа на добра рутина за убавина. Јас работев како актерка уште од 12 години, затоа давањето љубов и грижа на мојата кожа отсекогаш било приоритет! Како мајка на 3 деца, претприемач, актерка, итн. Мојата рутина за нега на кожата се преточи во основата на грижата за себе„ - вели Алба.

За нејзината секојдневна утринска рутина, Џесика започнува со маска за лице. „По тренингот, сакам да ја ставам оваа маска. Тоа е антиоксидантна маска со путер од шea, и мириса вкусно. Ми се допаѓа да ја користам оваа маска секој ден “, сподели таа, пред да додаде дека е голем поборник за само-грижа. „Мислам дека е важно да одвоиме време да се грижиме за себе. Ако можете да го правите тоа секој ден, дури и ако е 10 минути, важно е.”

Џесика исто така препорачува секогаш да ги проверувате состојките на производот пред да го нанесете на лицето. „Имам реактивна кожа и ми е таква буквално уште од раѓање. Јас навистина барам производи кои во најголем дел се без мирис, а потоа барам производи кои немаат парабени, немаат состојки базирана на нафта, и слично на тоа, затоа што всушност сум алергична на многу состојки базирани на нафта “, објасни таа.

ВИДЕО: