Џил Бајден ја покажа Божиќната декорација во Белата куќа, Меланија „подобро ја заврши задачата“? (ВИДЕО-ФОТО)
Раскошно осветлување, многу новогодишни елки и украси ја красат Белата куќа и оваа година
Главната тема на овогодинешното божиќно украсување на Белата куќа во Вашингтон под водство на американската прва дама Џил Бајден е поврзаноста на сите луѓе, без разлика на нивната националност, пол, политички преференци...
Не само за Божиќ, туку и во текот на следната година.
Погледнете ги со нас овогодинешните божиќни украси, кои првата дама на Америка сама ги избра и со месеци работеше на украсувањето, како што е традиција на секоја прва дама.
Вртете десно за повеќе фотки:
На официјалниот Инстаграм профил на Белата куќа се појавија фотографии од декорациите, а набрзо почнаа да следат многу разновидни реакции. Иако на некои им се допадна пораката и стилот на првата дама, имаше повеќе кои ја критикуваа.
„Џил Бајден воопшто нема вкус“, „Украсите на мојот сосед изгледаат поубаво“, „Тоа е раскошно и немагинативно“, „Изгледа дека сè склопила во последен момент“, напишале корисниците на мрежата, а многумина мислат дека Меланија Трамп многу подобро ја заврши задачата.
Сетете се само на нејзината декорација кога беше прва дама:
Како ви се допаѓа овогодинешното украсување на Белата куќа?
First Lady Dr. Jill Biden unveils her Christmas 2022 White House decorations themed "We the People." pic.twitter.com/3cIwQbm8Wt
— The Hill (@thehill) November 28, 2022