Џулија, Божице! Насмевка од милион долари, а изглед за милијарда-само таа има храброст да носи вака машки стил и да изгледа шик
Џулија Робертс во понеделникот вечерта се појави во Линколн центарот во Њујорк на гала прослава и како и секогаш - ги воодушеви сите присутни со својата голема, заразна насмевка.
Холивудската актерка никогаш не ја тргаше насмевката која фрла се во втор план, но сепак не можевме да не ја забележиме нејзината необична, многу интересна комбинација.
Познатата 55-годишна девојка обожава да флертува со машката мода, а често носи парчиња инспирирани од класичната машка облека, па не изненади тоа што беше така и овој пат.
Џулија избра деловен костум во двобојни сиви пруги, составен од мини здолниште и совршено скроено тесно сако, кое го комплетираше со бела кошула и вратоврска на риги.
Актерката целото издание го зачини и со капут со пруги во темносина, светло сина и жолта боја, а иако миксот од два принтови со пруги е ризичен потег, и се исплатеше - изгледаше многу автентично и шик.
Што мислите за оваа модна комбинација?
Фото: Инстаграм Screenshot